Image

Вашата комплетна Веб агенција

Контактирајте нѐ за да видиме како би можеле да ви помогнеме

Наши услуги

Веб дизајн

Имате само некакви груби идеи околу тоа како сакате Вашиот сајт да изгледа? Или имате само некаква скица направена брзо во тек на Вашиот пат до дома? Без грижи, ние ќе се вклучиме и ќе ви изградиме сеопфатна и модерна веб презентација, на која ќе бидете горди на крајот.

Веб програмирање

Имате потреба од одлична front-end / back-end апликација? Ние сме специјалисти во сите поважни веб технологии денес, како: PHP, HTML5, CSS, JavaScript, MySQL и др. така што може да бидете сигурни дека проектот Ви е во вистински раце. Крајниот производ, како ѝ секогаш ќе биде од највисок квалитет и со најдобри перформанси, кои не само што ќе ги оправдаат Вашите очекувања туку и ќе ги надминат.

CMS развој

Ние ги сакаме CMS системите. Нашиот избор се Joomla! и WordPress. Поседуваме огромно искуство во изработка на секакви сајтови и екстензии за нив. Тие се навистина моќни и сите наши клиенти ги преферираат. Секако, ако претпочитате некој друг CMS систем, тоа нема да биде проблем за нас, знаејќи ја нашата флексибилност и високите познавања во доменот на веб технологиите.

Веб хостинг

Имате потреба од простор за хостирање на Вашиот прекрасен нов сајт? Само контактирајте нè и во зависност од големината на Вашиот продукт и Вашите реални потреби, ќе Ви ја одбереме и конфигурираме најсоодветната хостинг околина за Вас.

Конфигурација на сервер

Имате моќен VPS сервер или брза AWS Ubuntu инстанца, но едноставно сте преплашени од Linux терминалот? Можеме да Ви помогнеме. Всушност ние уживаме кога работиме во Linux. Нудиме услуги на комплетно сетирање и конфигурирање на Вашиот Linux сервер, како и негово одржување и обновување.

Одржување на сајт и поддршка

Нудиме и комплетна грижа за Вашиот сајт, од сетирање и распоредување на резервни копии на сајтот во Облакот, па сè до обновување на CMS системи, екстензии, надоградби и поправки. Во случај Вашиот сајт да биде хакиран или обезличен, ние ќе го исчистиме, ќе го вратиме онлајн во најкраток можен рок, и ќе направиме сето тоа да не се случи повторно.

Контактирајте нѐ за да поразговараме за Вашиот проект!

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри функционирањето на истата.